еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Доктор Даниловски: „Пасоши“ само за имуни – независно дали прележале или се вакцинирале

Доктор Драган Даниловски во гостување на ТВ 24 вели дека “ковид-пасошиите“ не треба да бидат пасоши за вакцинираност, туку пасоши за имуност.

„Тоа не треба да бидат пасоши за вакцинираност, туку пасоши за имуност. Многу порелевантно е за мене, од епидемиолошка гледна точка, имајќи предвид дека делта го заобиколува имунитетот – значи, не штити 100 посто вакцинацијата против делта вирусот – дека практично и заразен, иако има потврда за вакцинираност, кога ќе влезе некаде, може да биде извор на зараза, па уште и асимптоматски да биде.

Тоа се некои нелогичности, кои само се пресликуваат од запад, ама суштината епидемиолошка е дека всушност ни се потребни „пасоши“ за имуност!

Тоа значи дека не треба да го интересира некого дали јас сум прележал, дали сум вакциниран или сум вакциниран и прележан… битно е да имам антитела во мојот организам! И за тоа да добијам потврда (пасош). И со таа потврда да циркулирам, да се движам. Тоа е она што би било праведно, правично!“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Епидемиологот Даниловски: Ова сега што се случува е почеток на есенско зимски бран

Доктор Даниловски: Наредните денови ќе расте бројот на заразени со Ковид-19 и ќе растат цела зима

Доктор Даниловски: Короната дојде за да остане – со помалку или повеќе крв и солзи, сеедно

Фото: МЗ/Видео: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела починало уште едно лице кое по вторпат заболело од Ковид-19, вкупно се 9

Редакција

До средината на следната недела локално невреме со дожд, грмежи и ветер

Редакција

Македонските лекари делат рецепти за антибиотици како „луди“

Редакција