еМагазин
Image default
Балкан

Девојче било заглавено со часови во автомобилот на македонските државјани кои загинаа во сообраќајката во Србија

Седум лица загинаа, додека 27 се повредени во два стравични верижни судири кои се случија на автопатот Белград – Ниш, пред неколку дена, а причината најверојатно е густата магла која ја намали видливоста на автопатот.

Во сообраќајката, помеѓу загинатите беа и двајца државјани на Македонија.

Очевидци на несреќата за српските медиуми велат дека била како од страшни сцени во филмовите, а сведочат и дека во автомобилот со македонски регистарски таблички било заглавено девојче, кое ја довикувало мајка и.

„Детето со часови беше заглавено во каросеријата на автомобилот. Врескаше и викаше за помош, додека на предните седишта нејзините роднини, со кои патувала, веќе биле мртви. Спасувачите едвај и пристапија, а кога дојдоа до неа, не беше при свест. Лекарите едвај успеаја да ја смират и тоа со седативи„, раскажува очевидец за српски „Курир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео од стравичната сообраќајка во Србија во која загинаа и двајца македонски државјани

Фото: www.wkfirm.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Само уште од рерна да излезам“, вели Вучиќ за предизборниот спот во кој излегува од фрижидер

Редакција

Во вжештената геополитичка ситуација, Босна и Херцеговина на историска пресвртница меѓу Истокот и Западот

Редакција

Црна Гора усвои Закон за истополово партнерство, нема можност за посвојување деца

Редакција