еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат

Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Прв сведочеше Музафер Каришиќ, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи, сведок на Јавното обвинителство, кое почна со презентирање на своите докази.

Тој меѓудруго кажа дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, еден од петте обвинети давал конфузни изјави и се однесувал чудно уште од почетокот на истрагата.

-Првата средба со родителите на Вања беше на денот на пријавување во вечерните часови. Тогаш ние директно се вклучивме во работата, отидовме да видиме што е сработено и што да се преземе. Тогаш родителите за прв пат ги видовме.

Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чуден за мене, но и за колеги. После разговорот анализиравме – беше конфузен, потиштен во многу изјави и многу работи кои ние го прашувавме, рече Каришиќ.

Тој раскажа и детали за потрагата, која на почетокот од полицијата ја започнале со Ѓорчевски и негов роднина. Најнапред отишле во Капиштец, во еден од семејните станови.

-Мајката бараше да се оди, да се прави претрага, но тој рече дека веќе бил таму и нема зошто да се оди. Јас инсистирав и отидовме. Станот беше во Капиштец, влеговме во подрумските простории, гаражата, се качивме со лифт во зградата, станот го отворивме со клучеви, баравме дали има некакви детали, но Александар цело време велеше дека ќерка му е киднапирана и бараше да се преземат други мерки.

Тоа траеше 5-10 минути во станот, баравме да не се сокрило девојчето некаде, а потоа се вративме во возилото. Јас се јавив и барав информации кој дел не е пребаран, ми кажаа дека Капиштец, и ние тргнавме да пребаруваме.

По пат цело време велеше, џабе одиме, џабе тука бараме, ама ајде ќе одиме. Остана во возилото, запали цигара и не излезе. Тогаш се запрашавме зошто не излегува од возилото како татко да бара. Го прашав зошто не излезе, повторно имаше конфузија, и пак рече, таа е киднапирана, таа е убиена, џабе тука бараме, рече Каришиќ.

Истото се случило и на Средно Водно, па началникот разговарал со роднината, прашувајќи се зошто таткото не излегува од возилото. Роднината одговорил дека го прашал Александар зошто така мисли, дека девојчето е киднапирано и дали должи некому, дали има некои проблеми, закани, но тој негирал.

-Го прашувавме дали има долгови, дали е некој функционер, зошто не помислува на нешто друго, на пример дека девојчето е во пубертет затоа што е 14 годишна и дека може нешто друго да се случи.

Мајката беше умерена. Ние ја прашавме дали Александар секогаш вака се однесува, и таа немаше одговор. Ја прашавме и мајката дали има долгови… Не, не, не… Ни беше чудно зошто таткото имаше помисла дека е убиено детето, а немаше нешто друго, рече Каришиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

Палчо ќе го брани уште еден адвокат

Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е најдено, пријател на татко и имал снимка од возилото на Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишна струмичанка пронајдена почината во деловен објект

Редакција

Дизелот поскапува за два денари

Редакција

82,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција