Жито лукс АД Скопје во третиот квартал од годинава остварил добивка пред оданочување од 25 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Истата е зголемена за 4 милиони денари во однос на истиот период минатата година.
-Оперативната добивка од работењето е подобрена за 6,8 милиони денари, додека бруто добивката е зголемена за 50 милиони денари, односно е за 18% повисока во однос на споредливиот период, велат од таму
Вкупните приходи од продажба се зголемени за 3% во споредба со продажбите реализирани во првите девет месеци од 2023 година.
-Компанијата бележи пораст на обемот на продажба во земјата од 12%, кој произлегува од зголемени количини од примарните категории производи – леб 16% и брашно 14%, но поради пониските цени, вредносниот ефект изнесува 3%. Цената на лебот е намалена во просек за 9%, додека просечната цена на брашното е намалена за 8%.
Останатите оперативни приходи, во износ од 8 милиони денари, се зголемени за 6% во споредба со истиот период минатата година, велат од таму.
Трошоците на продадени производи се намалени за 3% споредбено со првите девет месеци од минатата година.
-Главен ефект врз намалувањето на трошоците потекнува од основната суровина и енергенсите, кој пак се пребива со повисоките трошоци за останати суровини и трошоците за работна сила.
Останатите оперативни трошоци се повисоки за 21% и воглавно произлегуваат од зголемување на платите на вработените и трошоците за рекламирање поврзани со процесот на ребрендирање, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жито Лукс со зголемена добивка
Жито Лукс со драстичен раст на добивката во првиот квартал
За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра