еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Уапсен татко од Битола кој секојдневно си ги тепал трите малолетни деца

Татко од Битола е уапсен поради тоа што ги тепал своите три малолетни деца.

Случајот во полицијата во Битола го пријавиле од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола, од каде пријавиле дека од основно училиште во Битола до нив стигнало известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди.

-Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение.

Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 година во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е. (43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епископ Антаниски Партениј: „Гоце Делчев e граѓанин на светот, туѓ на секаков национализам и шовинизам“

Редакција

Управата за финансиско разузнавање распиша тендер за набавка на три возила

Редакција

Инспекторите веднаш ќе може да затворат угостителски објекти кои ги кршат Ковид-протоколите

Редакција