Во периодот јануари – септември 2024 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 222 нови вработувања во Македонија, информираше компанијата во финансискиот извештај за тој период.
-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 40.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата.
Групацијата Алкалоид брои 3.023 вработени, од кои 2.298 се во земјава, а 725 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алкалоид во третиот квартал инвестирал 16,5 милиони евра
Фото: Алкалоид
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.