На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, не дојде сведокот Гоце Трајковски, пријател на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, еден од обвинитетите, со кој заедно прегледувале снимки по исчезнувањето на Вања, како што беше обелоденето на претходните рочишта.
Според неговата мајка, Кираца Трајковска, Трајковски, утрово доживеал паничен напад, а имал и висок крвен притисок.
Денеска треба да сведочат и Зоран Ѓорчевски, дедото на Вања и Иванка Ѓорчевска, бабата на убиеното девојче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче
Родителите на таткото на Вања потврдија дека е поранешен зависник од дрога
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.