еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Тестни се“ бесплатно за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно

Под мотото „Тестни се“. Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“, ХЕРА им овозможува на сите заинтересирани граѓани во периодот 18-23. ноември бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно.

„Истражувањата покажуваат дека една од најголемите пречки за справување со ХИВ е доцната дијагноза, затоа превенцијата и раното откривање на ХИВ се клучни. Со раното откривање на ХИВ и навремениот третман, целосно се спречува ризикот од понатамошно пренесување на инфекцијата по сексуален начин.

Антиретровирусната терапија покрај тоа што им овозможува на лицата со ХИВ да живеат долго и квалитетно, е ефективна превенција на ХИВ, бидејќи го намалува вирусот на недетектибилно ниво, а со тоа оневозможува натамошен пренос. Резултатите се доверливи и се добиваат за само 20 минути, а услугите вклучуваат и тестови за други сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореја и кламидија“, велат од ХЕРА.

Од таму додаваат дека ноември е месец на грижата за машкото здравје и затоа посебно ги охрабруваат сексуално активните момчиња и мажи да се обратат во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ кој се наоѓа на ул. „Елисие Поповски Марко“ бр.2, од 18 до 23. ноември секој работен ден од 15 – 18ч. и сабота од 12 -15ч.

Термин за бесплатно тестирање можете да закажете на телефонскиот број 02/ 3176 – 950, или онлајн на следниов линк: hera.org.mk.

„Европската недела на ХИВ тестирање, која ќе се одржи од 18 до 25. ноември, им нуди на партнерите низ Европа единствена можност да се обединат за да ја зголемат свеста за придобивките од раното тестирање за ХИВ, хепатитис и СПИ кај оние кои се изложени на ризик и да промовираат зголемен пристап до тестирање. Оваа иницијатива нуди бесплатни, анонимни и доверливи тестирања за ХИВ на различни локации низ државата“, додаваат од ХЕРА.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека СДСМ и ДУИ изберат кандидат за претседател, Силјановска победува

Редакција

(Фото) Палчо во наводно писмо тврди дека тој барал брза екстрадиција: „Министерот Лога лаже“

Редакција

Твитер во „црвено“ по најавите за штрајк: „Ти се јавуе извршител и ти вика: Што да ти земам за Нова Година?

Редакција