еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот директор на кичевската болница вели дека не го присвоил ехо апаратот

Поранешниот директор на ЈЗУ Општа болница Кичево, Станко Трпески вели дека тој не го присвоил ехо апаратот на болницата, за што вчера Министерството за внатрешни работи му поднесе кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен директор си присвоил ехо апарат од болницата во Кичево

Тој за телевизијата 24 вели дека е потресен од информацијата и дека не очекувал вакво нешто.

„Многу сум потресен и не знам зошто ми го прават ова. Јас на примопредавањето предадов уредно се. Потоа заминав на службен пат, па на одмор, а кога се вратив ме информираа дека апаратот го немале. Па го најдоа, па пак го немаше. А апаратот е на интерно одделение. Не знам што прават”, вели Трпески за ТВ 24.

Фото: ЈЗУ Општа болница Кичево/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорги Спасов: Каде греши “Беса”на Касами

Редакција

Која е компанијата „е.ГО“, која во Тетово требаше да отвори фабрика за производство на електрични автомобили

Редакција

(Видео) Во чија куќа во Тетово е пукано од возило во движење

Редакција