Од синоќа на полноќ нема промена на цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V), а се намалува цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 76 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 78 денари за литар, а дизелот за 70,50 денари за литар.
Ценатата на Мазутот се намалува за 0,136 денари и сега изнесува 43,708 денари за килограм.
Не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.