Германската компанија „Костел Македонија“ денеска информираше дека влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус во земјава, во кој се планира инвестиција помеѓу 45 и 50 милиони евра, а до 2028 година ќе вработи нови 250 работници.
Компанијата веќе осум години работи на македонскиот пазар и бележи континуиран развој и раст и е една од компаниите кои имаат отворено погони во слободната индустриска зона во Охрид.
Во последните четри години извозот од компанијата изнесувал над половина милијарда евра, а минатата година „Костал Македонија“ беше деветти најголем извозник од Македонија.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.