еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Зелени инцијативи на ТАВ аеродроми: Вработени на охридскиот аеродром засадија дрва покрај Охридското Езеро, вработени на скопскиот аеродром – во Општина Илинден

Под слоганот – „Садиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вчера, 4. декември и денес, 5. декември, организираше две активности за садење дрва во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и Охрид засадија дрва во Општина Илинден и Општина Охрид, како проактивен потег со цел да го зголемат своето зелено влијание, како дополнување кон напорите за одржливост и да го прослават Меѓународниот ден на волонтерството, 5. декември, информираат од таму.

Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, 5. декември, беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија и засадени покрај Охридското Езеро од страна на волонтери-вработени на охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.

Вчера, 4. декември, ТАВ Македонија донираше 30 дрва од видот црвена слива на Општина Илинден, кои беа засадени од волонтерите – вработени на скопскиот аеродром во близина на средното училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и спортскиот комплекс во општината.

„Неизмерно сме горди на посветеноста и ентузијазмот што го покажаа нашите вработени. Практичната активност не само што има позитивно влијание врз животната средина и локалните заедници, туку и помогна да се поттикне тимскиот дух и заедничкото чувство за цел.

Оваа иницијатива е моќен потсетник дека секоја акција, без разлика колку е мала, може да придонесе за поголема, позитивна промена. ТАВ Аеродроми е посветена на создавање одржливи решенија и среќни сме што ќе може да го следиме влијанието на овие новозасадени дрва“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Еколошките и волонтерски активности за садење дрва ТАВ Македонија ги организираше и ги спроведе со поддршка на Општина Илинден и градоначалникот Александар Георгиевски и Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков. Јавните комунални претпријатија „Илинден“ и „Охридски комуналец“ помогнаа со подготовка на почвата и теренот за засадување на дрвјата.

Со овие две еколошки и волонтерски активности, организирани за да додадат вредност на локалните заедници каде што се наоѓаат аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврди својата посветеност на зелените донации предводени од волонтерите од својот персонал. Иницијативите за одржливост на ТАВ Аеродроми ќе продолжат, како и посветеноста на групацијата да обезбеди идните генерации да наследат поздрава, поодржлива планета, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вработува пет лица, плата до 49.146 денари

Редакција

Потерница за избеганиот осуденик кој пукал во затворски полицаец, вонреден надзор во Идризово

Редакција

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Редакција