Поранешниот директор на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е еден од осомничените во новиот случај на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, по чии налог полицијата денеска апсеше поранешни директори и раководни лица на државните ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија
Ковачевски полицијата не го најде, бидејќи од октомври не е во Македонија, а македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува за брзо време да биде обезбеден и вратен во земјата.
Според телевизијата ТВ 21 тој се откажал од македонско и зел српско државјанство и моментално е во Србија.
Недостапен е и наследникот на Ковачевски, Васко Стефанов, кој според медиумите бил во земја членка на Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој не беше во Македонија
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Фото: ЕСМ