еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Адријана Поп Арсова, членка на Атлетскиот Клуб „Делта“, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. На 14-ти октомври на маратонот во Ајнтховен, Холандија, Поп Арсова постави нов Македонски рекорд во маратон, со резултат од 3:00:44 часа (чип/нето време од 3:00:37).

„Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент.

Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе ги планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа“, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. Поп Арсова го држи и Македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Среќник на Лото доби 7-ка, вредна над 500.000 евра

Редакција

„Си беше еднаш” е ковчеже со најубавите бајки што ќе останат во наследство за следните генерации

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ ќе го покрие лекувањето за Билјана, за која се собираа средства

Редакција