еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Среќник на Лото доби 7-ка, вредна над 500.000 евра

Државна лотарија известува дека во 95. коло од играта на среќа Лото 7, постигната е лото-премија во вредност од 32.921.304 денари (околу 535.000 евра).

Извлекувањето се реализираше вчера, во среда, на 30 ноември (2022 година), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.

Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место Детелинка, во Кичево. Уплатени се 5 лото-комбинации, а добитна е 5-тата комбинација со броевите: 2, 10, 11, 12, 24, 36 и 37.

Ова е 27-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година).

За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Рекордната премија во вредност над 41.000.000 денари е постигната на 26 октомври 2021 година во Визбегово, Скопје.

Најновата 7-ка е втора во Кичево и повеќе од двојно поголема од првата. Првата, во 2019 година, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесе премија од 11.966.712 денари.

„Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите кои што досега јавно го споделија своето искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на Лото 7.

Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитник и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на најновиот лото милионер.

Во тек е уплатата за коло 96, а премијата за 7-ка изнесува 7.000.000 денари.

Во претпразничниот период Ви предлагаме онлајн учество на www.loto.mk, во играта на среќа со најголема добивка во државата  ̶  Играта ЛОТО 7,“ информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО прогласи вонредна состојба на глобално нив поради корона вирусот

Редакција

Можноста за ексклузивен тренинг од проф. д-р. Сем Вакнин во Скопје подостапна како никогаш досега

Редакција

За многу години: Христијаните го слават празникот Голема Богородица

Редакција