Пет деца од Кичево на возраст од 3 до 8 години останаа без родителска грижа. Нивниот татко почина, а од пред три години ги напуштила и нивната мајка.
За нив сега се грижат баба со хендикеп и помлад вујко.
„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи пет мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона.
Тој беше единствениот вработен во семејството. Мајката ги оставила децата пред три години и не е заинтересирана да се грижи за нив.
Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата.
Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време, бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата.
Сè што ќе им биде од помош. Им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека, итн.
Ви благодарам и Бог да ве благослови„, стои во објавата на GoFundMe.
Повик за помош објавија и од ecrowd.mk.
“Трагичен настан кој ги потресе ситe! Таткото, на 35 години, ненадејно почина додека спиел, оставајќи ги своите пет малолетни деца – Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона, 3 до 8 години, без родителска грижа. Децата сега се соочуваат со тешка животна реалност. Да помогнеме на блиските роднини да обезбедат грижа!“, стои во повикот за помош.