Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на горивата до еден денар.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 и на дизелот се зголемува за половина денар за литар, а на Еуросупер БС-98 за еден денар.
Еуросупер БС-95 со новата одлука ќе се продава за 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 79 денари, а дизелот за 70,5 денари за литар.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.