еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Дедо Мраз на Клиника Жан Митрев

„Дедо Мраз“ кој се роди во Клиника Жан Митрев се вика Новица и е роден 3.850 грама тешко и 52 сантиметар долго, информираат од таму.

Новороденчето кое со својот изглед на Дедо Мраз ја стопли празничната атмосфера и ги израдува вработените во Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев веќе е дома со семејството во топол празничен амбиент.

Откако почна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев, достапен е целосно нов концепт на родилиште и грижа за мајката и бебето со мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето.

Центарот за мајка и бебе се располага со над 800 метри квадратни со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи и е направен според највисоки стандарди за родилиште во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: „Денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот“

Редакција

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

Редакција