еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1. јануари компаниите ќе плаќаат за 100% повисоки надоместоци за експлоатација на природните ресурси

Од 1. јануари компаниите ќе плаќаат за 100% повисоки надоместоци за експлоатација на природните ресурси во Македонија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата го прифатила новиот тарифник на Министерството, кој како што посочуваат од таму, ќе послужи за воведување ред во користењето на националните богатства.

„Со измените во тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, надоместоците за минерални суровини се зголемуваат до 100%, што ќе значи и значајно зголемување на приходите за државата“, велат од таму.

Предлогот на Министерството за зголемување на надоместоците е усвоен од Владата и е објавен во ’Службен весник’, со што новиот тарифник почнува да се применува на 1. јануари.

Со новиот тарифник надоместокот за користење на просторот за експлоатација се зголемува за околу 30%.

Фото: МЕРМС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН го осуди „јасното кршење на хуманитарното право“ во Газа

Редакција

(Фото) Убиството на Орхан Бајрами Оки било најавено на Тик-Ток

Редакција

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија

Редакција