еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Снегот го „симна“ Скопје од листата на најзагадени градови во светот

По врнежите од дожд и снег, во Скопје утрово се дише. Временските услови повторно беа факторот кој влијаеше врз чистење на воздухот.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, и од снег во повисоките места и на планините.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен северен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Маврово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 1 во Маврово и 10 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе се движи од 1 до 6 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Башким Хасани, заменик министерот за одбрана

Редакција

Една година од референдумот за промена на името: Еден куп афери, а државата се уште на крстопат

Редакција

Најмногу новозаболени со Ковид-19 се на возраст од 50-59 години, 70 лица имаат до 19 години

Редакција