Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, е на пат да остане без професорското место на Тетовскиот универзитет.
Како што објави телевизијата Алсат М, Универзитетот ја започнал законската постапка за разрешување на Груби, кој е доцент на Правниот факултет на отсекот новинарство.
Декантот на Правниот факултет, Сафет Емрули, за телевизијата вели дека Груби, поради вршење јавна функција до август лани, кога се вратил на работа, го суспендирал работното место, но неколкудневното отсуство без да даде појаснување значи преземање мерки против него.
„Од минатата недела наведениот не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование.
Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Наскоро ќе бидете информирани за одлуката што ќе ја донесеме како Универзитет“, вели Емрули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Фото: Груби/Фејсбук