еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

Согласно член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (Сл.весник на РМ бр.163/2018), на 22 октомври 2018 година се одржа конститутивна седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, информираат од таму.

Сашо Рајчев, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје е избран за претседател на Управниот одбор на Академијата, а негов заменик е Оља Ристова, судика на Основен суд Скопје 1.

На досегашниот директор на Академијата, судија Анета Арнаудовска и престана мандатот.

На седницата беа констатирани назначувањата на членовите на Управниот одбор на Академијата:

Мирјана Радевска Стефкова, судија на Врховниот суд на РМ, назначена од Врховниот суд на РМ

Оља Ристова, судија на Основен суд Скопје 1, назначена од Судскиот совет на РМ

Осман Шабани, судија на Основен суд Скопје 1, назначен од Судскиот совет на РМ

-Д-р Лазар Нанев, судија на Основен суд Кавадарци, назначен од Здружение на судии на РМ

Лилјана Спасоска, јавен обвинител во Јавно обвинителство на РМ, назначена од Јавниот обвинител на РМ

Мери Тромбева, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола, назначена од Советот на јавните обвинители на РМ

Вјолца Елмази, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Битола, назначена од Советот на јавните обвинители на РМ

Сашо Рајчев, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје, назначен од Здружение на јавните обвинители на РМ и

-Д-р Љубица Караманди Попчевски, државен советник во Министерство за правда, назначена од Министерот за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР да спроведе итна внатрешна истрага за случајот со новинарката Делевска, велат од ЗНМ

Редакција

И Словачка денеска го ратификува Протоколот за влез на земјава во НАТО

Редакција

Најмладото на 36-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција