еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) „Лобираме за македонските интереси“: Со кој се сретна Мицкоски во Вашингтон

За време на посетата на САД, во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски остварил повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот, информираа од Владата.

„Претседателот на Владата Мицкоски имаше вечера со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компании, Марко Галина, бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата“, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Павловски, сопственик на Рамбл, каде акционери се и новиот американски министер за економија и новиот потпретседател на САД

На средбите се разговарало за проекти од областа на економијата, можностите за инвестирање и продлабочена соработка помеѓу двете држави, како и за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните.

„Меѓудругото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат.

Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, вели премиерот.

Мицкоски учествувал и на прединагурациската свеченост МАГА – бал, кој се приредува од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Таму претседателот на Владата Мицкоски оствари разговори со повеќе високо етаблирани активисти и поддржувачи на американскиот претседател, како што е новинарите и медиумските личности Такер Крлсон, Мегин Кели и со Патрик Бет Дејвид, бизнисмен и сопственик на американскиот култен бејзбол клуб Њујорк Јенки“, велат од таму.

За средбата со еден од највлијателните американски новинари Карлсон, Мицкоски вели дека тоа била можност за размена на мислења и ставови за државата и регионот, а за средбата со Дејвид дека спортот знае да обединува и била добра можност за размена на ставови за спортот и она што преставува пасија за многу луѓе.

Денеска Мицкоски остварил средба и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.

Мицкоски побарал поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери „за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.“

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци на Блаце пуштиле албански државјани да преминат на Косово, иако имало телеграма за нивно задржување

Редакција

(Галерија) Солун во новогодишно издание

Редакција

Во Скопје се сретнаа Заев, Ахмети и Ковачевски, за што разговарале?

Редакција