Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници, а нивните имиња се објавени денеска по барање на медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски има 17 советници, кои земаат плата од 60 до 90 илјади денари
Нивните плати и хонорари не се објавени, но вчера самиот премиер информираше дека тие со полно работно време земаат месечна плата од 90.000 денари, кои се четири на број, а другите имаат хонорар од 60.000 денари.
Еве кој и за што го советува Мицкоски:
М-р Амбасадор Сашо Марковски, надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија.
Јоханес Хајдекер, надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики кон процесот на пристапување во Европската унија.
Цветко Мицевски, надворешен советник за инфраструктура.
Проф. д-р Гоце Наумовски, надворешен советник за прашања од областа на правото.
Проф. д-р Лазар Јовевски, надворешен советник за труд и социјална политика.
Проф. д-р Александар Спасеновски, надворешен советник за европски прашања.
Снежана Трпевска, надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.
Владимир Пешевски, надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата.
Зоран Ставревски, надворешен советник за финансии и банкарство.
Горан Николовски, надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста.
Шенер Биљали, надворешен советник за односи меѓу заедниците.
Трајко Вељаноски, надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем.
Мимоза Рајл, надворешен советник за култура.
Љубчо Андоновски, надворешен советник за национална безбедност.
Проф. д-р Јован Пејковски, надворешен советник од областа на политичките и економските науки.
Проф. д-р Даме Димитровски, надворешен советник за животна средина и клима.
Д-р Игор Николов, надворешен советник за реформи во здравството, кој од 31.01.2025 година е со спогодбен прекин на договор, поради именување за амбасадор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советникот на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција