еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Фондови: Осврт на глобалните економски трендови, клучните двигатели на растот и предизвиците со кои се соочуваат различните региони во 2025

Според нашето основно сценарио, глобалниот економски раст ќе продолжи во 2025. година. Во развиениот свет, главен двигател на економскиот раст ќе бидат Соединетите Американски Држави, додека растот во Европската унија ќе биде поскромен.

Клучните фактори за економскиот раст ќе бидат доброто потрошувачко расположение, континуираното трошење на владата, намалувањето на каматните стапки од повеќето клучни централни банки, а веројатно и даночните намалувања и воведувањето нови пазарни реформи.

Сепак, слично како и оваа година, се очекуваат големи разлики во стапките на раст меѓу поедини земји. Со оглед на тоа што не се очекува глобално економско прегревање и што во моментов нема нови шокови во понудата на хоризонтот, не очекуваме значителен раст на инфлацијата во наредните квартали.

Со солиден економски раст во изминатите две години и опаѓањето на инфлацијата, американските работници уживаат многу повисок раст на реалните плати за разлика од пред пандемијата. Според ФЕД, економскиот раст во САД ќе биде 2,5 %, во 2024 година, а се очекува да се намали на 2,1% во 2025 година. Клучниот фактор за растот ќе биде приватната потрошувачка, која во моментов изнесува околу 70% од американскиот БДП.

Спротивно, ситуацијата во Европската унија е означена со инсистирањето на поголема рамнотежа на буџетот  во услови на повторливи политички кризи и отсуство на финансиска и банкарска унија што ќе го оневозможи адекватното финансирање на економскиот раст. Економскиот раст во 2025 година ќе биде стимулиран првенствено од ефтините пари, обезбедени од експанзивна монетарна политика на ЕЦБ.

Кога станува збор за пазарите во развој, гледајќи кон ориентот, очекуваме економскиот раст на Кина, проценет на 4,8% во 2024 година, малку да забави во 2025 година. Покрај експанзивна монетарна политика, кинеската влада во 2025 година ќе усвои и неколку фискални мерки за стабилизирање на економијата.

Согледувајќи ги берзанските можности, очекуваме дека цените на акциите на американските компании во 2025 година ќе бидат поддржани од солиден економски раст, полабава монетарна политика, фискални мерки и пониски даноци. Нискиот стратешки ризик дополнително ја зголемува атрактивноста на американските акции. Иако вреднувањето изгледа малку над просекот на прв поглед, постојат неколку причини зошто американските акции остануваат атрактивен избор за инвеститорите и зошто сме малку над просекот во корист на американските акции.

За разлика од успесите на американските пазари, европските берзи имаат сè помалку европски компании со глобално препознатливи брендови, што е особено видливо во технолошкиот сектор. Европа, сепак, нема компании кои сериозно би и конкурирале на американската група “величествените седум” компании со високи перформанси и технолошко влијание.

Дополнително, европските компании, особено оние од автомобилската индустрија, се соочуваат со кинески ривали кои станаа поефтини конкуренти, а не веќе извозни партнери. На ова се додава и погрешната енергетска политика, војната во Украина, помалите државни инвестиции, отсуството на заеднички еврообврзници на ниво на ЕУ и потенцијалните царини, кои придонесуваат за неповолно опкружување за раст.

Инвестирањето во фондови, опција за секој инвеститор

Инвестирањето на пазарот на капитал преку инвестициски фондови нуди можност за диверзификација на дел од парите. Фондовите се управувани од професионално квалификувани и искусни менаџери на средства кои, со цел да постигнат натпросечни перформанси на инвестициските фондови, постојано ги истражуваат случувањата на финансиските пазари, економии, индустрии и компании.  Портфолио менаџерите управуваат со средствата во рамките на јасната инвестициска политика на секој поединечен фонд.

Инвестирањето во фондови е опција за секој потенцијален инвеститор. Тоа е  едноставна и транспарентна форма на инвестирање, која му овозможува на инвеститорот да заштеди време и енергија. Инвеститорот не мора да прави ништо друго освен внимателно да избере соодветен инвестициски фонд. Со инвестирање  во инвестициски фонд,  се заштедува дел од времето што би се потрошило инвестирајќи директно во хартии од вредност а и не е потребно специфично пред знаење.

Ликвидноста e исто така лесно достапна. Средствата може да се повлечат во секое време бидејќи тие во инвестициски фондови не се врзани .

Друштвото НЛБ Фондови АД Скопје управува со 5 отворени инвестициски фондови: НЛБ Америка, НЛБ БРИК, НЛБ Топ Брендови, НЛБ Кеш Депозит и НЛБ Обврзници. Сите тие имаат различни инвестициски политики, кои овозможуваат соодветна диверзификација на средствата согласно потребите на клиентите.

Целосната стратегија можете да ја погледнете на следниов линк: Годишна инвестициска стратегија 2025.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонци инволвирани во наместени фудбалски натпревари во Белгија

Редакција

Ивана Гажиќ избрана за неизвршен член на Одборот на директори на Македонската берза

Редакција

Народна банка за годинава прогнозира економски раст од 2,3% и инфлација од 3,5%

Редакција