еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ниту едно техничко решение нема да биде доволно, ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, вели Тошковски за дивеењето по патиштата

„Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите,“ напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на неговиот Фејсбук-профил.

„Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е со криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.

МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но, тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.

Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?,“ пишува Тошковски.

Тој информира дека годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во Македонија.

„Оваа бројка е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени. Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни.

Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите.

Гневот е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност,“ додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Река од луѓе на протестот за Фросина Кулакова во Скопје

Функционирање на системот „Безбеден град“ и законски измени, најави Мицкоски за дивеењето по улиците

„Крвави ви се рацете“ порачаа младите на протестот за Фросина Кулакова, пред Кривичен суд

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Редакција

Кои се членовите на Комисијата што ќе ги проценува условите за настава со физичко присуство

Редакција

Христијан Мицкоски во Тетово се сретна со Биљал Касами

Редакција