еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Утрешната вакцинација е почеток на последната фаза во борба со пандемијата

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во вестите на телевизија Сител истакна дека утрешниот почеток на вакцинацијата против Ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата.

Филипче рече дека за десет дена се навршува точно една година од првиот регистиран случај во нашата земја и потсети дека ова беше година на многу неизвесности, како да се одржи здравствениот систем стабилен, како да се спаси секој еден човечки животи.

Филипче истакна дека, и покрај огромното искуство за имунизација со други вакцини, станува збор за специфичен процес.

„Требаше да се подготват вакциналните пунктови. Сепак се тоа места каде вообичаено доаѓаат деца, што значи требаше да се направи реорганизација.

Фрижидерите не се само нешто што треба да се постави, има точно време колку вакцините треба и можат да стојат во фрижидерите, колку време стојат надвор, како се раствораат, итн.

Сето ова е еден комплексен процес, со препораки коишто мора стриктно да се следат. Сепак ова е нова работа, нов систем кој се случува насекаде во светот,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека вакцинацијата почнува со здравствените работници кои работеле и работат со ковид пациенти. Тоа се здравствените работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, болницата во Козле, клиниките во склоп на интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела и медицинските лица во болниците ширум државата, како и приватните болници.

„Ние за десетина дена се чини дека ќе бидеме една од ретките земји во Европа во која ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти, согласно нашиот план,“ потенцираше Филипче.

Филипче информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите количини од Србија, а според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов треба да пристигнат и кинеските вакцини во земјата.

Согласно планот, дневно ќе се вакцинираат помеѓу 2 и 4 илјади.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: За кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива, ќе одлучува новиот мандатар

Редакција

Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

Редакција

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

Редакција