еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила судијката Алексовска Стојановска, која Филков ја разреши од работна група во Министерството за правда

Министерот за правда Игор Филков вчера информираше дека ја разрешил судијката од Кривичниот суд Скопје, Даниела Алексовска Стојановска од работната група на Министерството за правда, која работела на измените на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерство за правда

Станува збор за судијката која му судеше на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова.

Филков ги повика судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита случајот со Кулакова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен се иззема од одговорност за Јованов, на Судот не му е јасно зошто неговото пуштање од притвор се поврзува со усмртувањето на Фросина

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија.

Каков имот пријавила

На свое име има стан во скопски Центар од 87 метри квадратни.

На нејзино име од наследство има и друг недвижен имот, изградено градежно земјиште и пасисште во Ветуница.

Исто така во Ранковце на нејзино име од наследство има викенд куќа, а друг недвижен имот повторно од наследство има и во Страцин.

На име на сопругот пријавила стан во скопски Чаир од наследство, од 91 метар квадратен, како и парцели со градежно изградено земјиште и куќа од наследство во скопско Радишани.

Таа нема возило, а на име на сопругот пријавила возило “опел астра“.

На свое име има кредит од 1,7 милион денари, кој треба да го врати до 2031 година.

Според податоците објавени на mkopen.org на свое име има и ловечка пушка Хамерлес од наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој му даде мобилен во затвор на момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот, вели Атиџе, чии проблеми со соседот кулминираа

Редакција

САД: Ако нема уставни измени, тоа ќе влијае на односите со САД и ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузници

Редакција

Општина Гостивар склучи договор со “Арх конструктион“ вреден 959,3 илјади евра

Редакција