еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Скопје се гради најголемиот ритејл парк во Македонија, еве како ќе изгледа

Во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара во скопската општина Кисела Вода се гради Home Retail Park, најголемиот и прв трговски парк од ваков вид во Македонија, информираа од Општината.

Истиот ќе се протега на површина од 35.000 м², а станува збор за инвестиција вредна 15 милиони евра.

Ќе има 20.000 м² комерцијален простор, а во истиот се планира вработување на околу 300 лица.

Во Home Retail Park граѓаните ќе можат да најдат сè што им е потребно за нивниот дом – од мебел, домашни апарати и декорации, до градинарска и бањска опрема.

Ќе има и кафетерии и ресторани, како и 600 паркинг места за посетителите.

Отворањето на Home Retail Park е предвидено до крајот на 2025 година.

Фото: Општина Кисела Вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи во понеделиник

Редакција

Д-р Драган Даниловски: Веројатно не очекува епидемија на хронични заболување и ментални проблеми

Редакција

Брачен пар и татко со две деца од Македонија заглавени во Газа

Редакција