еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична пријава против три лица за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот – управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичноти дело „злоупотреба на службената положба и овластување, поттикнување, фалсификување службена исправа и несовесно работење во службата“.

– Првопријавениот со својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје во текот  на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје ја искористил службената положба и овластување на начин што спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека Клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор Уни – Медикал ПСТ Скопје, по што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје како единствен понудувач му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.542.317 денари, а воедно пријавените предизвикале и штета на буџетот на Клиниката во износ од 942.315 денари, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни-Медикал ПСТ Скопје со намера да изврши продажба на медицинското средство и да се стекне со противправна имотна корист во истиот период во Агенцијата за лекови и медицински средства употребил исправа со невистината содржина на начин што внел невистинит податок за потеклото на медицинското средство.

Третопријавената, пак, во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето на Одобрението за увоз на медицинското средство, односно изготвила и одобрила Одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран во регистарот на медицински средства, како и не е извршено запишување во регистар на медицински средства што се води во земјава, со што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје му овозможила да изврши увоз и продаде медицинско средство во вкупна вредност од 6.115.468 денари.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Османи е спорно отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Редакција

(Галерија) Скопје покажа дека е град за велосипеди: Околу 2.000 лица учествуваа на “Скопје на точак“

Редакција