еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните треба да им вратат на компаниите 50 милиони евра за „солидарниот“ данок, Уставен го поништи Законот за солидарен данок

Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок.

Со одлуката на Уставен, државата, односно граѓаните на 156 компаниите кои го платија истиот, треба да им вратат 50 милиони евра.

Со Законот беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра, а го платија во 2023 година.

„Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната вредност владеење на правото и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност.

Според дискусијата и аргументите, со донесувањето на законот е нарушена правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615.000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година.

Уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со Уставот, посочија од Уставен.

Целта на данокот беше да се соберат средства за ублажување на последиците од економската кризата и да се допринесе за јавните расходи на солидарен начин.

Иницијативите за оценување на уставноста на Законот беше поднесена од страна на неколку компании.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР заплени 100 грама кокаин и „порше“ од дилер од Кичево

Редакција

Вакцина против Ковид-19 вчера примиле 12.545 граѓани

Редакција

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Редакција