Сега кој ќе го врати ова, ја праша премиерот Христијан Мицкоски опозицијата денеска, откако Уставен суд вчера донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, по која државата треба да врати 50 милиони евра на 156 компании.
„Еве нека излезат сега пред граѓаните и пред јавноста и нека кажат кој ќе ги врати овие 50 милиони. Од Соравија ли ќе ги вратиме? Од Ролс Ројсот ли ќе ги вратиме? Од инстант фирмите за јаглен ли ќе ги вратиме? Еве нека излезат сега и нека им кажат на граѓаните.
Еве да ги прашам, бидејќи тогаш бевме опозиција и на состаноците со претставниците на тие меѓународни финансиски институции, лично ги гледав во очи и им кажував дека ова еден ден, некој ќе го враќа, ова дивеење.
Еве дојде денот кога вие треба да го враќате. Тие ќе си се спакуваат, ќе си отидат таму од кај што дошле, вие ќе треба да го враќате. И сега наместо нови 50 милиони за нешто друго, не битно, ние ќе треба хирови да враќаме на некој којшто правел грешка,“ рече Мицкоски.
Тој најави мапирање на тие компании, ќе им се пристапи поединечно на сите од нив, за да се изнајде решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash