Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска споделија информации за вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи при МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Скопје отвори предистрага за злоупотреби со тендер во МВР
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, вчера, информираа дека за овој случај се извршени претреси на 16 локации, а станува збор за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, во врска со спроведена јавна набавка за потребите на Министерството.
Од МВР велат дека се одземени мобилни телефони и обемна документација, што ќе бидат дел од натамошна анализа и вештачење, а исто така биле извршени и службени разговори со повеќе лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР