еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Граѓани од цела Македонија протестира во Неготино за Фросина и другите жртви во сообраќајот

Денеска во Неготино се одржа протест под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ за прерано загинатата Фросина Кулакова, но и за сите други жртви во сообраќајот.

На истиот присуствуваше нејзиното семејство, другарки, но и граѓани од целата држава.

На протестот каков што немало во Неготино, се обрати и сестрата на Кулакова, Росица Кулакова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, доби 3 години и 10 месеци затвор за претходното дело

-Доколку судијката му го продолжила притворот (на Васил Јованов, н.з.) се до правосилност на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација, тој само ќе беше спроведен во затвор – мојата сестра Фросина денес ќе беше жива.

Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска, рече таа меѓудругото.

Учесниците на протестот изразија револт против неказнивоста на ваквите дела во сообраќајот, но и ја потенцираа корумпираноста во судството.

На протестот, дојдоа и блиски на загинатите во сообраќајки: Михаела Стевановска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов…, кои побараа ревизија на сите сомнителни судски случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

9 дена не изразија сочувство, ниту не исконтактираа, вели таткото на Фросина за родителите на Васил

Колку пат Васил ја украл колата на родителите и дали го пријавиле, прашува сестрата на Фросина

Видео: Фејсбук/Вет шоп/gevgelizam.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Грашо главна ѕвезда: Кој сѐ ќе настапи на Штипската пастрмајлијада

Редакција

Двајцата пациенти кои добија органи од починат донор се во добра состојба, пуштени се на домашно лекување

Редакција

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Редакција