еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што сѐ е познато за убиството на Хабиб Буњаку

Убиството на 35-годишниот скопјанец Хабиб Буњаку на паркинг во скопски Чаир е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Убиениот во Чаир е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на поранешен функционер на ДУИ

По расправија поради недоразбирање во сообраќајот две групи престрелката ја почнале на паркингот.

Во истата се ранети три лица, кои завршиле во болница, а меѓу нив е и Буњаку, кој им подлегнал на повредите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

35-годишниот Хабиб Буњаку е убиен заради недоразбирање во сообраќајот

Полицијата уапси четири лица, а Основното јавно обвинителство информираше дека во престрелката учестувале повеќе лица.

Од местото на престрелката се подигнати неколку чаури, а се обезбедени и снимки од видео надзор.

Буњаку е син на поранешниот функционер на ДУИ, Екрем Буњаку.

Работел во администрацијата на државната компанија МЕПСО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиениот Хабиб Буњаку работел во МЕПСО

Неговото тело е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во престрелката учествувале повеќе лица, детали за убиството на Хабиб Буњаку од Обвинителството

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ахмети пак славеше роденден во кабинетот на Груби, со цигари и музика

Редакција

Сите детали: Завршен увидот, следува истрагата за уривањето на авионот на Солунска Глава

Редакција

(Видео) „Его“ – нова песна и спот на Тамара Тодевска и Young Dadi

Редакција