еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ и ССНМ со осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми, информираат од таму.

„Оваа кампања дополнително засилена на социјалните мрежи – има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес.

Лажниот наратив дека овие медиуми добиле средства од УСАИД за да ја поткопаат демократијата претставува обид да се делегитимира нивната работа, иако нивното известување доведе до законски реформи, кривични истраги и санкции против одговорните за разни злоупотреби.

Овие медиумски кампањи за оцрнување, единствено имаат за цел да го замолчат независното и критичко новинарство и да ја нарушат довербата во медиумите пред граѓаните.

Кампањата за оцрнување дополнително ескалира на социјалните мрежи, каде што поттикнува омраза кон новинарите, вклучително и мизогини напади и закани кон новинарки. Ваквата реторика не само што потенцијално ја загрозува безбедноста на поединците, туку создава и клима на страв, со што директно се обесхрабрува слободното и професионално новинарство,“ се вели во соопштението.

Меѓународните правни стандарди, вклучително и оние утврдени од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, јасно посочуваат дека нападите врз новинарите претставуваат закана за демократијата и слободата на медиумите, посочуваат од таму.

„Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, новинарите во Македонија го имаат статусот на службени лица при извршувањето на својата професионална должност.

ЗНМ и ССНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита на новинарите од вознемирување и закани и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите и да ја поддржи независната медиумска работа, која е од суштинско значење за демократијата и одговорноста на институциите и политичарите“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 3%

Редакција

Овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото, поделени сме ситни, порача Рама на Економскиот форум во Скопје

Редакција

(Фото) Дури и над 4 часа се чека за подигање на документи во зградата на МТВ, нема ред, протоколите не се почитуваат

Редакција