Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по објавувањето дека седницата ќе продолжи во 21 часот испрати соопштение до јавноста во кое посочува дека „согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку“.
– До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена. Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на уставните измени, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: На пратеници им се нудат и по 2 милиони евра да гласат „за“
Заев: И да има мнозинство, тоа треба да биде обезбедено во нормални услови