еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За македонското малцинство во Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, разговарале Муцунски и бугарскиот колега Георгиев

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска, на маргините на Минхенската безбедносна конференција, остварил средба со својот колега, бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, информираше Министерството за надворешни бработи и надворешна трговија (МНР).

„На средбата се разговараше за поголем број теми, вклучувајќи ги билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија, како и за положбата на македонското малцинство во Бугарија.

Министерот Муцунски изрази жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

Притоа, тој истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со взаемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи покрај другото подразбираат и поддршка за европските интеграции како стратешка определба на државата,“ се вели во соопштението.

Муцунски на средбата го отворил и прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласил потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Бугарското МНР информираше дека ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Македонија е јасен и конзистентен, односно дека европскиот компромис од 2022 година вклучува низа мерки кои чекаат на целосно спроведување, а тоа е единствениот пат кон напредок.

„Вклучувањето на Бугарите, рамноправно со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чија реализација ќе му овозможи на Скопје да ги започне преговорите за членство. Георгиев беше категоричен дека не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ,“ соопшти бугарското МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пратеник од коалицијата на СДСМ не гласаше за техничката влада

Редакција

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда

Редакција

ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

Редакција