еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил бегалецот Перпарим Бајрами, кој доби нова кривична од Финансиската полиција

Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија, кој е во бегство, доби нова кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова кривична за бегалецот Перпарим Бајрами

Овојпат тој се сомничи дека ја злоупотребил својата позиција за да плати за користење на деловен простор за потребите на Државна лотарија, по цена најмалку двојно повеќе од пазарната.

Се работи за договор за 10-годишно користење на ресторанот „Фестина“, а договорот го склучил со Хеј ДООЕЛ.

Со оваа тој го оштетил буџетот на Државна лотарија за над 400 илјади евра.

Бајрами претходно е осомничен и за сомнителни тендери за набавка на телевизори и принтери во Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајрами се гони и за сомнителни тендери во Државна лотарија за набавка на телевизори и принтери

Заедно пак со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој е исто така во бегство, се сомничат за проневра на 8 милиони евра од Државна лотарија за набавка на ВЛТ апарати.

еМагазин разгледа што пријавил како имот на mkopen.org, бидејќи за него нема податоци на сајтот на Антикорупциската комисија, оти е поранешен функционер.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на родителите пријавил куќа од наследство во Куманово, како и возило шкода.

На свое име има кредит од 10 илјади евра кој треба да го врати до 2031 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сестрата на бегалецот Перпарим Бајрами: Следниот роденден ќе го славиме заедно

(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нека им служи на чест: Власта и опозицијата во Охрид за прв пат се обединија и тоа против Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид

Редакција

Инфо Врањске: Граѓани на Врање им продавале вакцини на Македонци за 40 евра по доза

Редакција

Светот во нова агонија: Нова Јужноафриканска мутација на Ковид-19 детектирана во Британија

Редакција