еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски и други обвинети се снимени во дворот на Манев вечерта пред убиството на Жежовски

На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес беа презентирани видео снимки од камери на домот на обвинетиот Велибор Манев во Велес, снимени на 21 и 22. ноември 2023 година, на кои според Основното јавно обвинителство Скопје, се гледаат сите четворица обвинети.

Од презентираните снимки е очигледно дека тие се организираат за нешто.

На една снимка од вечерта пред убиството на Жежовски се гледа и возилото „шкода фелиција“, сопственост на обвинетиот Боре Видевски, а на друга и другото возило „рено кангу“, од кое од совозачкото место излегува другиот обвинет Влатко Кешишев, а од возачкото Љупчо Палевски Палчо.

На снимките се гледа и како Кешишев и Манев излегуваат од куќата на Манев. Кешишев става нешто во возилото „рено кангу“ од совозачката врата, а Манев во неговата десна рака држи два пластични празни галони. Подоцна се гледа како Манев ги има истите галони, но сега наполнети.

На снимките меѓудругото исто така се забележува и дека Палевски на јакната има закачено микрофон, како и Манев и Видевски.

На снимките исто така се гледа и дека Палевски носи јакна која има три бели ленти на ракавите, а Манев носи тренерка која на ракавите има три бели ленти. Оваа е значајно, бидејќи на минатото рочиште беше презентирана снимка од камерите на „Романтик“ кај Велес, на која се гледа дека две лица, едно во возилото „цитроен“, а другото во возилото „рено кангу“, на своите ракави имаат бели ленти.

Од Обвинителството, меѓудругото, потенцираа и дека е важно да се напомене дека Манев и Жежовски се соседи, односно живеат во иста улица во Велес.

Палевски реагираше на доказите на Обвинителството и рече дека не се препознава на снимките, на што судијата Ивица Стефановски, му одговори дека на истите јасно се гледаат обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имало еден неуспешен обид за грабнување на Вања, на 24. ноември, велат од Обвинителството

Одбиено барањето на Палевски за изземањето на обвинителите

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре, секој кој што нема да биде во самоизолација ќе се носи во центри за карантин

Редакција

Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора прв изложбен салон во Џевахир Мол Скопје

Редакција

Детален преглед: Топ пет најзадолжени министерства

Редакција