еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Доколку бројките на МЗ се точни, испаѓа дека дури и без трета доза, вакцинираните засега се прилично заштитени од смртен исход

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализи за состојбата со Ковид-19 во Македонија.

“29.10.2021. Најновите пресметки на ефективностите на вакцините против заразување и смртен исход.

Зачудува падот на процентот на вакцинирани меѓу заразените (портокаловата линија на вториот дијаграм), но статистички е возможна.

Изгледа дека ефективноста против заразување повеќе не се намалува, туку останува околу 25%.

Релативно мал е опфатот со трета доза вакцини за да се припише сопирањето на падот на третите дози, но нека биде и тоа една од претпоставките.

Ефективноста против смртен исход исто така не покажува знаци на влошување со текот на времето.

Доколку броевите коишто ни ги соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ) се точни, испаѓа дека дури и без трета доза вакцини, вакцинираните засега се прилично заштитени од смртен исход. Иако со текот на времето би се заразувале, многу малку би умирале.

Третата, односно бустер доза може само дополнително многу да помогне.

Согласно статистиката од 8 до 21 октомври, најголем дел од починатите биле вакцинирани со Синофарм, односно 33 лица, потоа 10 примиле Синовак, пет лица АстраЗенека, тројца Фајзер и двајца Спутник В.

Додека за Синофарм е очекуван високиот број починати, бидејќи биле аплицирани уште во април, особено разочарува Синовак, кои започнаа да се аплицираат во јуни и јули.

Толку брзо попуштање на заштитата (или нејзино целосно отсуство) ни најголемите песимисти не очекувале. Како што ќе изминува времето, броевите кај Синовак сé повеќе ќе растат, за сметка на останатите видови вакцини.

Диспропорцијата е очигледна: иако 60% од вакцинираните примиле кинеска вакцина, 81% од починатите (барем во овие две недели) биле вакцинирани со кинеска вакцина.

Не можам да го пронајдам оригиналниот текст од изјавата на министерот од јуни, кога тој изјави приближно вака: „Ние располагаме со доволни количества вакцини од Синовак и Фајзер, при што предност им даваме на вакцините од Фајзер. Постарите ќе се вакцинираат со Фајзер, додека помладите со Синовак“.

Така беше логично да постапат, но од непознати причини, започнаа да го прават токму спротивното: старите да ги вакцинираат со вакцините од Синовак (со слаба имуногеничност кај старите), а младите со Фајзер, кај кои и Синовак би вршел добра работа.

Од друга страна, токму кај младите мажи постои извесен мал ризик од миокардитис од вакцините на Фајзер, додека кај старите нема таков ризик.

Кај вакцините од Синовак постои мал ризик од алергиска реакција во првите минути по вакцинацијата, но бидејќи вакцините се даваат под надзор на вакциналните пунктови, таквиот ризик е занемарлив, односно слободно можат да се даваат на младите. Во Кина со нив ги вакцинираат и децата, започнувајќи од тригодишна возраст.

Сега статистиките покажуваат колку беше грешна одлуката (со која ја отповикаа својата претходна, исправна одлука) за вакцинирање на старите со Синовак. Но, што е – тука е, истата грешка ја направиле и во Србија, можеби од нив учеле. Таму дури самите доктори ги убедувале граѓаните да ја примат вакцината од Синофарм „бидејќи била стара и проверена, а од Фајзер била нова и неиспитана“.

Како и да било, сега сите вакцинирани со кинеските вакцини имаат можност да примат трета доза од вакцината на Фајзер и така да ја поправат грешката додека сé уште има време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За две недели починале 33 лица вакцинирани со „Синофарм“ и 10 со “Синовак“: Колку граѓани во Македонија примиле кинески вакцини

Проф. Трајковски: „Aко овој чуден тренд на зголемување на ефективноста на вакцината против смртен исход продолжи да се зголемува, можеби бројките се штелуваат“

Проф.Трајковски: „Невакцинираните многу почесто стигнуваат во болница, а штом стигнат до таму, шансите се 61,5% дека лекувањето ќе заврши со смртен исход“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот Драмскиот театар во Скопје го прекинува репертоарот до 6 март

Редакција

Повлечени законските измени за Бехтел и Енка на Законот за културно наследство

Редакција

Вкупно 4.855: Починаа уште 37 лица од Ковид-19, од нив тројца во домашни услови

Редакција