еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Исчезнат 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

-Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Според апелот на социјалните мрежи за пронаоѓање на 26-годишното момче, трагата му се губи кај Амбасадата на Чешка во Скопје.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача Пендаровски од Пелинце

Редакција

Огнен Јанески се повлекува од местото главен и одговорен уредник на „ТВ24“

Редакција

Мајка пријавила син за семејно насилство, при приведување му бил одземен нож

Редакција