еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1 денар за литар, а на Еуродизел (Д-Е V) за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 82,50 денари, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 84,50, Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) за 78,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 78 денари за литар.

За 0,722 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,988 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Излезноста до 18 часот е 49,29%

Редакција

Фотографијата на Заев со Сорос хит во грчките медиуми: И Грците не го сакаат милијардерот

Редакција

Општина Арачиново останува затворена, кој е градоначалникот кој доби закана по живот

Редакција