еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Заев: Мојот приход е 87.000 денари, а со новиот данок ќе бидат опфатени плати повисоки од на премиерот и претседателот

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата нема да отстапи од воведување на прогресивниот данок, бидејќи еднаш веќе направиле отстапки.

„Ние ја направивме нашата отстапка. Од 1.000 евра отстапивме на 1.500 евра. И, мене ми е многу логично, тие што имаат поголеми приходи, сега одреден дел да реагираат. Но, реалноста кажува дека ако сакаме да градиме фер и праведно општество, редот е, тие што имаат повеќе, да платат повеќе, тие што имаат помалку, да добијат низ институциите на системот повеќе. Затоа што, само на тоа, и низ вакви механизми, ќе тежнееме кон враќање на средната класа, која што за жал е изгубена во Македонија и во целиот регион“, рече Заев.

Тој додаде дека само еден процент од граѓаните или 9.000 ќе потпаднат под новиот праведен данок.

„Уште еднаш напоменувам, имаме работно-активни или приматели на приход меѓу 900.000 и милион граѓани. Се работи за еден процент на граѓаните. Околу 9.000 граѓани, ќе потпаднат под новиот праведен данок. Тоа, значи дека секој, кој што има приход месечен, над 90.000 денари, за тоа што е над 90.000 денари ќе треба прв пат да плати 8 проценти.

Односно, ако има нето приход од 100.000 денари, за 10.000 денари треба да плати 8 проценти или 800 денари. Дај боже, сите да имаме во државата, приход поголем од 90.000 денари. Мојот приход е 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската плата, над претседателската плата, веројатно во државата, над пратеничката плата и.т.н“, рече Заев и додаде од новата мерка во буџетот ќе се акумулираат 25 милиони евра.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Твитер реакции за прогресивното оданочување: „Ако Ви дојде до 25 милиони евра, што не заплените некој имот на Мијалков?„

Бизнис-заедницата против прогресивниот данок: Ќе се зголеми сивата економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

310 се реинфекции: Рекордни 2.269 нови случаи на Ковид-19 од 7.038 тестирања

Редакција

(Галерија) Пченка, подароци и прошетка низ Скопје за Вучиќ и Рама од Заев и Шилегов

Редакција

Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци за 10% наредната недела

Редакција