Горан Трајковски, актуелниот градоначалник на Општина Делчево заработи кривична пријава за јавна набавка од 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластувањето и според Министерството за внатрешни работи (МВР) на приватна фирма ѝ овозможил противправна имотна корист.
Според МВР ја оштетил Општината за 222.760 денари.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.
Каков имот пријавил
Целиот имот кој го пријавил е на негово име.
Пријавил земјиште и куќа во Делчево, кои се подарок.
Пријавил и три моторни возила, пасат, шкода фелициа и фолксфаген пасат.
Пријавил и кредит од 1,3 милион денари, кој треба да го врати до 2035 година, како и побарување од 147 илјади денари.