Шаренило, креативност и незаборавна атмосфера. Струмичани уште еднаш потврдија дека знаат како да создадат магија под маски, напиша струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Фејсбук за стартот на Струмичкиот карневал.
„Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот во хотелот „Сириус“ ветува нова незаборавна карневалска авантура.
Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен. Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година,“ напиша Костадинов.
Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза и тие, вечерва во 18.30 часот, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.
Фото: Костадин Костадинов/Фејсбук