еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Промоција на великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза, реагира Пендаровски на провокативната иконографија во чест на Курти

Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, се вели во реакцијата од претседатлеот на државата Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

– Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата.

Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки, се подвлекува во реакцијата од Пендаровски.

Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во Општината Чаир, се наведува во реакцијата од Пендаровски, е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата.

– Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина, стои во реакцијата од претседателот на државата Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами, Меџити и Гаши не се оградија од знамето со карта на „Голема Албанија“ кое се вееше во Тетово

Владата ја осуди иконографијата на концертот во чест на Курти, МВР ќе истражува кој го вееше знамето со карта на „Голема Албанија„

(Фото) Знаме со карта на “Голема Албанија“ на концертот во чест на Курти во Тетово

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ќе и испрати тенкови „Леопард“ на Украина, за Москва одлуката е „потврда дека Западот планирал војна против Русија“

Редакција

Копретседателот на македонскиот тим, Ѓоргиев: Апсолутно неприфатливо е дефинирање на Гоце Делчев и Самоил од страна на владите

Редакција

Општина Штип склучи договор со Тритерол петрол вреден 2,5 милиони евра

Редакција