еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ја осуди иконографијата на концертот во чест на Курти, МВР ќе истражува кој го вееше знамето со карта на „Голема Албанија„

Од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски ја осудуваат иконографијата на концертот во чест на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово и посочуваат дека оваа посета е приватна.

– Во секој случај, Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји.

Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Дополнително Ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата, се појаснува во соопштението.

Воедно, Кабинетот на премиерот посочува дека за осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме.

– Посочуваме дека сите држави од регионот кои сакаат истиот да е просперитетен, економски развиен и интегриран во Европската Унија и кои сакаат да градат пријателски односи со своите соседи, треба со сите свои постапки да ги продлабочуваат пријателствата и меѓу државите и меѓу граѓаните, и да инсистираат на почитување пред сѐ на државните одбележја, како и на мултикултурните специфичности на секоја од државите од регионот.

Северна Македонија како функционално мултикултурно и мултиетничко општество е пример за земја која ги почитува различностите и интензивно гради добрососедски односи со сите свои соседи, базирани на почитување и соработка која треба да придонесе кон понатамошен развој и на земјата и на регионот, појаснуваат од Владата.

Дополнително, иако локалната самоуправа во Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската „Втора Македонска Бригада“.

-Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Знаме со карта на “Голема Албанија“ на концертот во чест на Курти во Тетово

(Видео) Курти без средби со државниот врв, ама со куп активности со градоначалници и лидери на албански партии

Од „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“: Премиерот на Косово, Курти присуствуваше на преименување на улица во Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Моторџиите на протестот порачаа: Обвинителите и судиите со одлуките за условни казни, директно влијаат на хаосот на улиците во кои гинат невини луѓе

Редакција

Убава вест: Оздравени 429 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Кардиоваскуларна болест и дијабет, најчести претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

Редакција