еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Извонредни резултати на Макпетрол лани: Зголемена добивка и приходи

Макпетрол АД Скопје лани остварил позитивни финансиски резултати искажан преку добивка пред оданочување во износ од 1,16 милијарди денари, која е поголема за 38,84% од остварената добивка за претходната година кога изнесуваше 832,03 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза.

Во овој период компанијата остварила вкупен приход во износ од 31,08 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 679,83 милиони денари, односно остварен е раст од 2,24%.

-Во структурата на приходите, најголем удел со 98,46% имаат приходите од продажба, од кои 97,14% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,32% се остварени преку продажба на странски пазар, односно преку извоз на млазно гориво.

Вкупните расходи остварени во 2024 година се во висина од 29,93 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на минатата година за 356,67 милиони денари или за 1,21%.

Растот во најголем дел се должи на зголемените трошоци за вработени за 7,73% и на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 0,37%, поради зголемениот количествен промет со нафтени деривати во споредба со мината година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав промет е остварен со акциите на Алкалоид, Комерцијална и Макпетрол, најтргуваните во јануари

Успехот на компанијата е успех на целиот тим – „Макпетрол“ со бонуси за вработените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ се бори против аерозагадувањето – како членството ќе ѝ помогне на Македонија

Редакција

Струјата поскапела 11,2%, просечната цена во првото полугодие 5.761 денар за киловат час

Редакција

Групацијата ЗК Пелагонија во загуба од 189.7 милиони денари

Редакција