Хотели-Метропол АД Охрид лани остварил нето добивка од 28.142 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите изнесуваат 210.655 илјади денари и истите гледано споредбено со 2023 година се зголемени за 4%.
Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 207.074 илјади денари, што покажува зголемување за 4% во однос на 2023 година. Останатите приходи во износ од 1.571 илјади денари се зголемени за 8% во однос на истите од минатата година.
Финансиските приходи во 2024 година се зголемени во однос на 2023 година за 68% и изнесуваат 3.123 илјади денари.
Расходите од работењето во износ од 184.966 илјади денари, се зголемени за 5% во однос на расходите во 2023 година.
Најголемо учество во расходите од работењето за 2024 година имаат трошоците за вработени и трошоците за суровини и материјали со 71,9% учество. Финансиските расходи бележат намалување во 2024 година во однос на истите од претходната 2023 година за 35%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раст на добивката на Хотели-Метропол за 12%
Хотели-Метропол во загуба во првото полугодие